
Греење
Санитарија
Производите од понудата на СИГМА се изработени од висококвалитетни материјали кои се одликуваат со бескомпромисна отпорност на киселини и други активни хемиски препарати. Многу важна особина на нашите производи е непропустливоста на вода на материјалот од кој се изработени, што го спречува впивањето на вода во него и развој на различни микроорганизми што придонесува до уништување на материјалот. Производите одозгора се покриени со уште еден слој кој овозможува дополнителна заштита и сјајност на боите. Освен со квалитетни материјали кои се користат при изработката, производите од нашата понуда се карактеризираат со елегантен дизајн, форма и конструкција, обезбедувајќи совршена функција и давајќи и современ изглед на целата бања.
Во нашата понуда освен поединечни производи, можете да ги најдете производите на АД "Санкерам Македонија" за кои СИГМА е ексклузивен дистрибутер. Станува збор за производите од програмите:
Благодарение на квалитетниот материјал од кој се изработени, одржувањето на хигиената на нашите производи е исклучително лесно. Од друга страна, дизајнот на производите е таков што не дозволува наталожување на нечистотии и наслаги, бидејќи водените капки по природен пат ги собираат и измиваат овие материи без притоа да остават дамки на производот.
Благодарејќи на долгогодишното искуство и вештината на стручните тимови од АД "Санкерам Македонија" овие производи претставуваат перфекција на функционалнот, дизајн и квалитет, а за тоа доволно зборуваат бројните награди и сертификати.
Доколку сакате детално да ги разгледате овие производи, одберете една од програмите погоре.