
Забрзаното темпо на живеење придонесе бањата денеска да прерасне од место за одржување на личната хигиена до повеќенаменска просторија: перална, сушална и најважно од се просторија за релаксација. Проектирањето и уредувањето на бањата треба да се изведе внимателно за да се задоволат сите функционални барања, а истовремено и да биде практична и безбедна.
Големината на бањата ги одредува бројот на санитарните уреди, како и нивните димензии. Доколку имате мала бања, тогаш препорачливо е да имате туш кабина со стаклена врата, која создава илузија на поголем простор. Исто така за овие бањи препорачливи се шољи со мали димензии. За подобар визуелен ефект на бањата, препорачливо е шољата да не биде поставена веднаш пред вратата на бањата. Во однос на боите, добар избор се посветлите и потопли бои кои дополнително ќе направат бањата да изгледа поголема. | ![]() |
Мијалникот како составен дел од бањата порано беше самостоен елемент, меѓутоа денеска се почесто не наоѓаат мијалници вградени во рамките на друг елемент во бањата. Исто како и другите елементи, така и димензиите на мијалникот можат да бидат различни, т.е. варираат во однос на големината набањата. Освен функцијата, тој денес претставува и битен естетски детал. Кај помалите бањи важно е да се предвиди потребниот простор за мијалникот кој во просек е 90-95 cm во широчина и 55-60 cm за предпростор на мијалникот.
Доколку сакате во бањата да поставите полици за крпите, средствата за хигиена, средства за чистење или пак декоративни елементи, препорачливо е тие да бидат поставени поблиску до таванот за да максимално искористување на просторот. Освен тоа со поставување на фиоки и ормарчиња во бањата се добива повеќе простор и се намалува нередот.
Во однос на подот во бањата, за него задолжително е да не пропушта вода. Овој услов целосно може да се исполни со користење на плочки или камен. Притоа треба да се обрне внимание на формата на плочките, бидејќи плочките со преголеми димензии визуелно го намалуваат просторот. Во тој поглед пожелно е плочките на подот да имаат потемна (или иста) боја од онаа на плочките на ѕидот.
![]() |
Светлото во бањата треба да биде подеднакво распоредено за да се добијат совршени услови за бричење, шминкање, средување на фризурата и слично. Кај поголемите бањи потребни се и мали и силни светилки на горните рабови на огледалото чија позиција може да се менува според потребата. Сијалиците кои се користат пожелно е да зрачат бела и заматена светлина за да се одбегне отсјајот. Притоа многу важно е светилките да имаат водоотпорни куќишта за да избегнат проблеми со водата и електричната струја. |