
"СИГМА" ДООЕЛ е компанија специјализирана за продажба на производи за бањи и комплетна изведба на санотарни простории. Нашите почетоци се случија во 1989 година и од тогаш до денес наша мисија е создавање на стилски и функционални бањи и домови за нашите клиенти. Уште од самиот старт строго се придржуваме до нашите основни принципи на работење:
- потребите и желбите на потрошувачот секогаш ги ставаме во преден план
- чесен и одговорен однос во работата
- одржување на конкурентни цени, а висок квалитет на производите
![]() |
![]() |
СИГМА веќе 20 години се труди да покаже професионален однос кон своите клиенти што придонесува до константно зголемување на нивниот број. Со текот на времето тоа наложуваше и зголемување на бројот на вработени. Денеска нашата компанија функционира со голем број на вработени, 2 продажни салони во Струмица и 2 магацински простори со површина од 400 квадратни метри. Вработените често посетуваат семинари и саеми што помага во нивната обука и усовршување. Ние цврсто стоиме зад тоа дека довербата која ја имаат нашите клиенти во нас е резултат на ефикасноста и љубезноста на стручниот персонал.
За нас, како една од поголемите компании за продажба на санитарни производи во регионот, исклучително е важно производите од нашата продажна линија да одговараат на современите светски барања. Секоја година тоа го потврдуваме со зголемување на нашата понуда со свежи решенија со врвен дизајн кои претставуваат комбинација од квалитет и пристапна цена.
Санкерам Македонија годишно произведува околи 500 илјади парчиња на санитарни елементи а доказ за нашиот квалитет е и Сертификатот за квалитет на производите добиен од Германскиот институт во Вирдзбург.